“Ореов лад”- од ан до престижен ресторан!

На местото каде што денес се наоѓа ресторанoт “Ореов лад”, 1870-та година, бил познат како “Сарајски ан”. Тоа било место за одмор на караваните, кои патувале од Западна Македонија кон Скопје. Од тогаш до денес, семејната традиција продолжува, од Нестор кој го отворил анот, преку синот Серафим и неговиот внук Нестор, за денес, со него да раководи правнуката Сузана Стојковска, која го воздигна ресторанот на исклучително високо ниво. Таа направи големи креативни и иновативни измени во пристапот на приготвување храна. Сузана отвори и едукативен центар за обука на готвачи и келнери.

Романтичната атмосфера покрај каминот во зима и летната бавча во лето, како и атрактивните настани во вечерните часови со музика во живо, создаваат незаборавни моменти каде што се случуваат разни прослави со и без повод, венчавки, работни состаноци и дипломатски коктели.

Ресторанот Ореов лад е член на организацијата “Slow food” за здрава храна и зачувување на македонската кујна.

Ресторанот е познат по прекрасниот зелен, природен амбиент, со опоен мирис на цвеќињата и сенките од ореовите лисја. Никој не може да одолее на старите специјалитети на македонски кујна, домашната пита, грнето Ореов лад, печеното јагнешко како и месото на скара. Воедно, ресторанот испорачува кетеринг храна по ваше барање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *