Во 1912 година кога турците се повлекуваат од балканот,анот бил запален и скоро целосно уништен.Серафим бил принуден да избега за да го спаси својот живот.Кога се вратил анот бил ограбен, а во визбата сето вино и ракија било испуштено.Со помош на позајмици од пријатели,анот бил обновен.Повторно се развил и работел некаде до 1935 година.Kараваните постепено изумирале под притисок на помодерниот начин на трговија и транспорт. Дефинитивно со пуштање на железничката пруга Скопје – Кичево, анот престанува да работи.
Во 1880 година Нестор Несторов цврсто решен го обновува ресторанот. Заедно со еден пријател ја адаптира и опремува куќата која била дел од познатиот “Сарајски ан” и на 2 август истата година го отвара ресторнот.
Бидејќи во дворот на ресторанот имало многу ореови дрвја ресторанот го добил името “Ореов лад”. Почетокот бил многу скромен , со неколку маси и неколку столици.
Денес, со ресторанот раководат правнуците на дедо Нестор. Ресторанот е лоциран во западниот дел на Скопје, во спортско – рекреативниот центар Сарај.
Низ овие години правејќи креативни и иновативни измени, следејки ги потребите на новото време овој комплекс во себе содржи внатрешна сала со капацитет од 120 седишта, градина со 240 седишта, детско игралиште, сместувачки капацитети ‘’Конак Нестор’’ и паркинг места за сите гости.
Во зимо може да уживате во салата покрај каминот, а во лето зеленилото во градината,заедно со прекрасниот жубор на водопадот и опојниот мирис на многуте булки со опоен мирис ги разигруваат сите ваши сетила во комбинација со некој гурмански специјалитет кој се нуди.
Дел од специјалитетите во менито на ресторанот се стари македонски јадења,чиј рецепти се пренесувани со генерации,а дел се јадења кој ја достигнаа својата ‘’популарност’’ во поново време.Тука може да вкусите од добро познатите македонски вина и ракија кој оставаат траг по својот квалитет на Балканот и пошироко.
Веќе прераснат во голем ресторан , се организираат секаков вид на прослави: свадби, крштевки, родендени, мекици, работни состаноци, коктели , но тука можете да го исполните и вашето слободно време уживајки во семеен ручек или вечера или дружење со пријателите.Нашиот тим Ви стои на располагање да ви помогне и поддржи да го направите својот избор и да ја исполните вашата замисла на вашата прослава за цветни аранжмани, балони, бели гулаби, свеќи, специјални светлосни ефекти,фото-студио,музика , како и при избор на менито.Се ова ќе допринесе да ги исполните вашите замисли за вашиот посебен ден.
За многумина , ова волшебно место во себе крие спомени , незаборавни мигови ,сеќавања , навраќаjќи ги во минатото и изнудувајќи воздишки при раскажување на убавите моменти од минатото.
Во потрага по се она што го бара новото време, како и негова реализација за создавање на нови спомени,а воедно зачувувајќи ги трагите од традицијата и спомените на ова место Ви посакуваме добредојде во нашиот ресторан.
Уживајте во вкусен оброк од удобноста на вашиот дом со нашите практични опции за храна за носење
Уживајте во врвно гастрономско искуство со гурмански јадења, внимателна услуга и елегантна атмосфера. Совршено за специјални пригоди, романтични вечери или кога сакате да се препуштите на луксузен оброк
За вашата веселба да биде незаборавна нудиме и подготовка на разновидни коктели во склоб со подвижен бар и професионално приготвен кетеринг со инвентар
Простор со елегантен дизајн, идеален за големи настани, прослави и свадби. Нудиме простор кој може да се прилагоди на вашите потреби и броеви на гости, со услуга која ќе го направи вашиот настан незаборавен